Daniel Gallego
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
БИШ (АА) - Најмалку еден војник загина во судирите што се случија на границата помеѓу Саудиска Арабија и Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судирите со приврзаниците на шиитското движење Хуси загина еден војник на Саудиска Арабија. Како што јавува саудиската новинска агенција, еден војник загина чесно вршејќи ја својата должност на јужната граница.
Судирите во Јемен дополнително ескалираа во март минатата година кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници почнаа да спроведуваат воздушни напади врз позиции на бунтовниците во Јемен.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), досега во јеменската војна загинаа повеќе од 10.000 луѓе, а 11 отсто од населението е раселено.