Sinan Doğan
21 Јуни 2023•Ажурирај: 22 Јуни 2023
БОГОТА (АА) - Најмалку 41 затвореничка загинаа во нередите што избувнаа во строго чуваниот женски затвор во Хондурас, пренесува Анадолу.
Локалниот весник „Ла пренса“ објави дека настанал судир во женски затвор во местото Тамара, во близина на Тегусигалпа, главниот град на Хондурас.
Истиот извор информираше дека 25 затворенички починале откако биле запалени, а 16 се убиени со оружје.
Судирот во затворот избувнал меѓу озлогласените банди МС-13 (Мара Салватруча) и Барио 18 (Банда од 18-тата улица), а безбедносните сили презеле строги безбедносни мерки.
Во објава на Твитер, заменичката на министерот за безбедност, Хулиса Виљануева, наведе дека во затворот е прогласена вонредна состојба и дека е наредена најстрога интервенција.
Заедно со тоа, локалните медиуми објавија дека до судири и полициска интервенција дошло и во затворот „Иљама“, што се наоѓа на околу 300 километри од Тегусигалпа.