Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Muhammed Semiz
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
АЛ КУДС (АА) – Радикалните еврејски доселеници на празникот Сукот, придружувани од израелската полиција, влегоа во Ал Акса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата на вакафот, се наведува дека 331 доселеник, придружувани од полицијата, од утринските часови во групи влегувале во Ал Акса, кој се наоѓа во старото јадро, Источен Ал Кудс (Источен Ерусалим).
Се очекува во текот на денот да влезат повеќе доселеници во Ал Акса.
Еврејските доселеници, придружувани од израелската полиција, минатата недела влегоа во Ал Акса под изговор за празникот Јом Кипур.
Според договорот потпишан од Израел и Јордан на 26 октомври 1994 година, управувањето со комплексот Ал-Акса е под надлежност на Управата за вакафи Ал-Кудс, која работи под покровителство на јорданското Министерство за вакаф и верски прашања.
Меѓутоа, израелските власти го игнорираат овој договор и од 2003 година еднострано ја ангажираа полицијата и без одобрение на Управата за вакафи ги внесуваат еврејски групи во комплексот Ал Акса.
Управата за вакафи го третира ваквото влегување на еврејските групи и полицијата како нелегален упад и кршење на договорот и суверенитетот на муслиманските институции.