Selen Temizer
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја пофали Албанија, затоа што меѓу првите ги ратификува протоколите за пристапување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
По средбата со албанскиот премиер Еди Рама, Столтенберг одржа заедничка прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.
Укажувајќи на важноста на Западен Балкан за НАТО, Столтенберг ја пофали Албанија за нејзината улога во стабилноста и соработката на регионот.
Наведувајќи дека го ценат тоа што Албанија го ратификува пристапните протоколи на Шведска и Финска, Столтенберг повтори дека членството на двете земји во НАТО ќе придонесе и Алијансата и самите земји да се побезбедни и дека вратите на НАТО се отворени.
Рама рече дека е горд што Парламентот на неговата земја е еден од првите парламенти на земјите што ги потпишаа пристапните протоколи на Шведска и Финска.
Нагласувајќи дека Албанија, како земја кандидат за Европската Унија (ЕУ), ќе продолжи да работи за мир, помирување и стабилност во регионот, Рама рече дека треба да се оствари блиска соработка со сите земји од регионот, вклучително и со Србија, која не е членка на НАТО.
Рама, меѓу другото, истакна дека би било мудра одлука Косово да се вклучи во програмата „Партнерство за мир“.
Претставници на 30 земји членки на НАТО во седиштето во Брисел на 5 јули ги потпишаа пристапните протоколи во согласност со одлуката да се поканат двете земји во Алијансата на Самитот што се одржа во Мадрид, главниот град на Шпанија, на 29-30 јуни.
Канада беше првата земја што ги ратификува протоколите во својот Парламент.