Şerife Çetin
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг коментирајќи ја одлуката на Парламентот на Каталонија за прогласување на еднострана независност од Шпанија, рече дека Шпанија е важен сојузник во рамките на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг на прашањето на новинар на АА истакна дека прогласувањето на еднострана независност на Каталонија од Шпанија е тема која е поврзана со внатрешните прашања на таа земја.
„Шпанија е за НАТО важен сојузник и земја која дава придонес на нашата заедничка безбедност. Прашањето на Каталонија е тема која е поврзана со внатрешните прашања на таа земја, и како таква мора да се решава во рамките на Уставот на Шпанија", наведе Столтенберг.
Парламентот на автономната област Каталонија, која се наоѓа во источниот дел на Шпанија, со тајно гласање донесе одлука за еднострана независност.
Парламентот ги прифати предлог-одлуките за „прогласување на независната република Каталонија и за започнување на процесот за структурирањето поврзано со тоа“, кои беа претставени од страна на алијансата „Junts pel Si“ (Обединети за Да), во малцинската влада, како и левата екстремна поддржувачка партија, Кандидатура за граѓанска унија (ЦУП).
На тајното гласање за предлозите на „Junts pel Si“ и „ЦУП“, 70 гласови беа за, 10 против, а два гласа беа воздржани. Покрај партијата „Catalunya si que es pot“ (Каталонија може), сите други опозициски партии не учествуваа во гласањето, и ја напуштија пленарната сала во знак на протест.