Murat Paksoy
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Од почетокот на новиот бран насилства, од 25 август досега, од Мјанмар во соседен Бангладеш побегнаа повеќе од 600.000 аракански муслимани, а турската хуманитарна организација ИХХ достави помош за околу 350.000 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од оваа хуманитарна организација се истакнува дека араканските муслимани во Бангладеш водат борба за опстанок. Со помош на волонтерите и активистите, хуманитарна помош е доставена за Араканците кои побегнаа во Бангладеш, но и за оние што сѐ уште се наоѓаат во Мјанмар.
Координаторот на Канцеларијата на ИХХ за Јужна Азија, Муневер Хусеин, потсети дека од почетокот на кризата организацијата има дадено помош на различни начини. Тој порача дека ИХХ нема да ги остави араканските муслимани сѐ додека не биде завршена оваа криза.
Како што изјави Хусеин, податоците велат дека е намален бранот бегалци, а ИХХ доставила помош за бегалците во кампот во Кокс Базар, но и за камповите во Ситве, Мунгдау и Бусидаунг во Аракан.
Помош е доставена во вид на пакети со храна, облека, но и останати потреби.
Под изговор борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите недели ун иштинајмалку 200 муслимански села, од каде што стотици илјади граѓани беа принудени на бегство кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, не може да се зборува за прецизен биланс на настраданите во нападите на муслиманските села.