Ekip
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО постојано ќе проценува дали неговото присуство во регионот на Црното Море треба да се адаптира како одговор на заканата од Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на заедничката прес-конференција со неодамна инаугурираниот бугарски премиер Кирил Петков по нивниот прв состанок, Столтенберг рече дека НАТО внимателно го следи зголеменото воено засилување на Русија во и околу Украина.
„Ќе одговориме на одлучен начин за да ставиме крај на влошувањето на нашата безбедносна средина, вклучително и преку зајакнување на нашата колективна одбранбена позиција“, посочи тој, повторувајќи дека натамошната агресија против Украина ќе вклучи сериозни последици за Русија.
Тој истакна дека НАТО не гледа непосредна закана против која било членка на НАТО, но гледа „зголемени тензии и тоа е од важно значење за сите сојузници на НАТО, особено за сојузниците во регионот (Црноморскиот Регион).
Столтенберг објасни дека по нелегалната анексија на Крим од страна на Русија и интервенцијата во источна Украина, „НАТО го има имплементирано најголемото засилување на колективна одбрана во една генерација“, тројно зголемувајќи ја големината на силите за брз одговор на НАТО во Полска и балтичките земји и го зголемува присуството во Црноморскиот Регион со морнарички патроли и воздушна полиција.
„Постојано ќе ја проценуваме потребата од дополнително приспособување на нашиот став, нашето присуство, исто така и на југоисточниот дел на регионот, бидејќи треба да бидеме сигурни дека секогаш можеме да се заштитиме и одбраниме од каква било закана и со зголемени тензии“, истакна тој.
Петков рече дека Бугарија е целосно усогласена со ставот на ЕУ и НАТО за Русија, но и дека навистина веруваат дека секогаш дипломатскиот и мирен пристап кон потенцијалните конфликти е најдобриот начин за напредување.
Во 2014 година, Русија почна да ги поддржува сепаратистичките сили во источна Украина против Централната влада, политика што ја одржуваше во последните седум години.
По вторпат оваа година, Москва концентрира значителни воени трупи во и околу Украина минатиот месец.