свет

Столтенберг: „Грузија ќе стане членка на НАТО“

„Даваме целосна поддршка на напорите на Грузија на патот кон евроатланските интеграции. Грузија ќе стане членка на НАТО. Сојузниците вчера го потврдија тоа“, изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањата на новинарите во Брисел.

Yusuf Hatip  | 12.07.2018 - Обновена : 12.07.2018
Столтенберг: „Грузија ќе стане членка на НАТО“

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека Грузија ќе стане членка на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Даваме целосна поддршка на напорите на Грузија на патот кон евроатланските интеграции. Грузија ќе стане членка на НАТО. Сојузниците вчера го потврдија тоа“, порача Столтенберг, одговарајќи на прашањата на новинарите во Брисел.

Тој истакна дека ќе продолжат да работат со Грузија, подвлекувајќи дека Тбилиси спровел многу успешни реформи за членството во НАТО.

Спомнувајќи ја состојбата во источниот дел од Украина, тој истакна дека состојбата таму е сè уште сериозна.

„Силно ја осудуваме руската незаконска анексија на Крим“, рече Столтенберг.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.