Hakan Çopur
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се состане на 12-ти јуни во Сингапур, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Долгоочекуваниот состанок помеѓу Ким Џонг Ун и мене ќе се одржи на 12-ти јуни во Сингапур. И двајцата ќе вложиме напори ова да биде посебен момент во име на мирот во светот“, напиша Трамп на официјалниот Твитер (Twitter) профил.
Трамп кон крајот на април изјави дека наскоро ќе се состане со лидерот на Северна Кореја во рамките на напорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Тогаш изрази надеж дека ќе дојде денот кога Северна и Јужна Кореја ќе можат да живеат заедно во мир.