Elena Teslova
05 Јули 2024•Ажурирај: 06 Јули 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека на средбата со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, очекува да разговараат за перспективите за мировно решение во Украина, јавува Анадолу.
Отворајќи го состанокот во Москва, Путин рече дека сака од Орбан да го дознае ставот на Европската Унија за ситуацијата во Украина. Унгарија на 1 јули од Белгија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија.
„Се надевам дека ќе имаме можност да размениме мислења за билатералните односи во оваа тешка ситуација. И, се разбира, да се зборува за перспективите на најголемата европска криза, мислам во украинската насока“, рече рускиот лидер.
Орбан претходно изјави дека пристигнал во Москва со „мировна мисија“, истакнувајќи дека тоа е негова „втора станица“ по патувањето во Киев на 2 јули.
ЕУ ја поддржа Украина во нејзиниот конфликт со Русија што започна во февруари 2022 година.