İlkay Güder
07 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
ТЕХЕРАН (AA) - Претседателите на Турција и Русија Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин се состанаа денеска во Техеран во пресрет на трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно е одржан и состанок на Ердоган со претседателот на Иран Хасан Рохани.
Третиот трилатерален самит на Турција, Русија и Иран ќе се одржи денеска во Техеран.
Станува збор за три земји кои се гарантери на мировниот процес за Сирија кој се води во Астана, главниот град на Казахстан.
Турскиот претседател Репџеп Таип Ердоган со рускиот и иранскиот колега, Владимир Путин и Хасан Рохани, денеска одржува состанок со цел изнаоѓање решение за сириската криза во рамките на механизмот востпоставен во астанските преговори.
Лидерите на трите земји со заеднички напори се обидуваат паралелно да пронајдат механизам на делување на терен и да креираат услови и рамки на транзицискиот процес во Сирија.
Од кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека целта на техеранскиот самит е да се анализира состојбата на теренот и да се договорат можните чекори кон завршување на кризата во Сирија.
Претходниот самит на кој Ердоган, Путин и Рохани разговарале за Сирија, одржан е во април оваа година во Турција.