Lejla Biogradlija
22 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, потврди дека неговата земја испратила оружје во Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Љајиќ во изјавата дадена во Белград, истакнувајќи дека една приватна компанија оваа година испратила оружје во Ерменија, рече: „Не можам да го кажам името на компанијата. Во мај и јуни реализирани се две пратки на пиштоли и пушки. Вредноста на пратката е помала од милион евра.“
Истакнувајќи дека Србија не сака да им наштети на односите со Азербејџан, Љајиќ рече: „Национални компании беа вклучени во пратката. Кога станува збор за испраќање оружје, се добива одобрение од Министерството за надворешни работи, одбрана и внатрешни работи и Агенцијата за безбедност (BIA). Доколку овие четири институции дадат позитивно мислење, оружјето може да се испрати.“
Љајиќ наведе дека нема санкции изречени против Ерменија од меѓународните институции. „Исклучително е тешко да се отфрли барањето, освен ако нема официјална санкција.“
На почетокот на неделата, Даница Веиновиќ, вршителката на работите на Амбасадата на Србија во Азербејџан, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Азербејџан со образложение дека Србија испраќа оружје во Ерменија во време кога судирите на границата помеѓу Ерменија и Азербејџан сè уште траат.