Aida Cako
05 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
Ретка и неверојатна појава на молња беше снимена вчера во Малдонадо, Уругвај, за време на зајдисонцето, јавува Анадолу.
На видеото, забележано од локален набљудувач, е прикажано како молњата се движи хоризонтално низ небото, создавајќи спектакуларен визуелен ефект.
За разлика од вообичаените молњи што се вертикални и неправилни, овој вид молња се шири полека и грациозно, оставајќи зад себе неверојатен светлосен приказ.
Метеоролозите и љубителите на природата со возбуда ја коментираат оваа ретка појава што брзо привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Засилената молња најчесто се појавува за време на силни бури што се чести во крајбрежните региони на Уругвај, особено во летните месеци.