свет

Состанок на НАТО за концентрацијата на руската Војска и пограничната криза во Белорусија

Министрите ќе ја разгледаат и улогата на НАТО во промовирањето на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан во услови на зголемени тензии меѓу Србија и Косово и сепаратистичките амбиции во ентитетот на БиХ, Република Српска

Ekipa  | 27.11.2021 - Обновена : 28.11.2021
Состанок на НАТО за концентрацијата на руската Војска и пограничната криза во Белорусија

БРИСЕЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на НАТО на претстојниот состанок следната недела ќе разговараат за најнеодложните безбедносни прашања, меѓу кои се концентрацијата на руската Војска во близина на Украина и миграциската криза на белоруската граница, јавува Агенција

Високите претставници на земјите членки на НАТО ќе се сретнат во Рига, Латвија, на 30 ноември и 1 декември.

Министрите ќе разговараат за континуираното воено засилување на Русија во и околу Украина, кое, како што изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е неиспровоцирано и необјаснето.

„Тоа ги зголемува тензиите и ризикува погрешни проценки. Русија мора да покаже транспарентност, да ги намали тензиите и да ја деескалира [ситуацијата]“, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО ги одржува својата „одбрана и одговор силни додека останува отворен за дијалог“.

Тој додаде дека министрите ќе разговараат и за миграциската криза на границата со Белорусија, која ја нарече „цинична експлоатација на ранливите луѓе за да се изврши притисок врз нашите сојузници Полска, Латвија и Литванија“.

Столтенберг утре ќе отпатува за главниот град на Литванија, а потоа за Рига заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Блиската соработка помеѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за спротивставување на оваа хибридна кампања која има за цел да ги дестабилизира нашите земји“, порача Столтенберг.

Министрите на НАТО, исто така, ќе ја разгледаат безбедносната ситуација во Авганистан, Украина и Грузија, како и улогата на НАТО во промовирањето на стабилноста и безбедноста во регионот на Западен Балкан во услови на зголемени тензии меѓу Србија и Косово и сепаратистичките амбиции во ентитетот на Босна и Херцеговина, Република Српска.

На самитот ќе бидат разгледани и следниот Стратешки концепт на НАТО и придонесот на Алијансата во меѓународната контрола на оружјето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın