Ahmed Asmar
17 Јуни 2024•Ажурирај: 18 Јуни 2024
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден денес треба да пристигне во Израел за да разговара за растечката ескалација меѓу Израел и Хезболах, јавува Анадолу.
Се очекува Амос Хохштајн да има средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.
Хохштајн можно е да оствари средба и со Бени Ганц, кој се повлече од Владата за вонредна состојба овој месец поради несогласувањата со Нетанјаху за повоената стратегија за Газа.
Хохштајн одигра значајна улога во договорот за поморската граница, потпишан во октомври 2022 година, меѓу Израел и Либан.
Посетата доаѓа во екот на граничните судири меѓу Израел и Хезболах. Од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, секојдневно има размена на оган, а илјадници цивили се раселени од двете страни на границата.
Вашингтон стравува од сериозна ескалација меѓу двете страни по минатонеделното убиство на висок командант на Хезболах.
Убиството го натера Хезболах да истрела стотици ракети и беспилотни летала врз северен Израел. Последниот поголем конфликт меѓу двете страни беше во 2006 година.