Elvır Hodzıc
11 Април 2025•Ажурирај: 11 Април 2025
На платото пред Домот на Народното собрание на Република Србија во Белград денес со дефиле на знамиња започнаа тридневните манифестации и собири под називот „Не ја даваме Србија“, јавува Анадолу.
Дефилето на знамињата започна со „Маршот на Дрина“, а на дефилето имаше 170 знамиња на Србија и локалните самоуправи.
Претходно пред зградата на Владата на Србија беше развиорено најдолгото државно знаме во историјата на Србија, кое граѓаните заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ го донесоа до платото пред Домот на Народното собрание.
Знамето е со димензии 200 на десет метри, а во колоната што стигна до платото пред Собранието на Србија беа и министрите од техничката влада Синиша Мали, Ѓорѓе Миличевиќ, како и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
Пред Домот на Народното собрание се собраа голем број граѓани, носејќи српски знамиња и бројни транспаренти за поддршка на Србија и претседателот Вучиќ.
Собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на сенародното движење ќе трае до недела.