Mehmet Yılmaz
22 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
БУДИМПЕШТА
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Питер Сијарто, истакна дека Европската Унија (ЕУ) треба да ѝ плати на Турција 6 милијарди евра во рамките на склучениот договор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сијарто одржа прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.
Укажувајќи дека од стратешко значење е соработката меѓу ЕУ и Турција, Сијарто рече дека безбедноста на ЕУ зависи од безбедноста на Турција.
„Во Турција живеат 4 милиони бегалци. Ако Турција не продолжи да ги засолнува тие бегалци и ако ги остави, ЕУ ќе се соочи со уникатна криза. Како прво, ЕУ во рамките на договорот, на Турција ќе треба да ѝ ги исплати ветените 6 милијарди евра“, рече Сијарто.
Подвлекувајќи дека треба да се ажурира и царинскиот договор меѓу ЕУ и Турција, Сијарто нагласи дека Турција е меѓу најмоќните 20 економии во светот и затоа договорот би бил во интерес на ЕУ.