Mohamad Misto
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку четворица припадници на Армијата на сирискиот режим на Башар ал Асад се убиени во ракетен напад што Израел денеска го изврши врз Дамаск, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи се на воени извори, сириската новинска агенција (САНА) јавува дека израелските сили истрелале проектили врз неколку позиции на силите на режимот на Асад во Дамаск.
Истиот извор јавува дека во нападите загинале четворица војници, а уште тројца се ранети.
Во нападите е причинета значителна материјална штета, а израелските власти засега не го коментираат случајот.
Сириската страна тврди дека противвоздушните сили на режимот пресретнале и уништиле неколку израелски ракети.
Израелските сили и претходно извршуваа чести ракетни и воздушни напади врз позициите на силите лојални на режимот на Асад, пред сѐ позициите на проиранските групи.