Ahmed Asmar
23 Октомври 2024•Ажурирај: 25 Октомври 2024
ГАЗА (АА) - Двајца Палестинци кои работеа за Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) се убиени денес во израелски воздушен напад врз нивното возило во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Медицински извор од болницата „Ал-Акса“ во градот Деир ал-Балах за Анадолу изјави дека двајца вработени во УНРВА загинале откако нивното возило било погодено од израелската армија во Деир ал-Балах.
Очевидци за Анадолу рекоа дека израелски дрон погодил возило на УНРВА на улицата Салахедин, во кој животот го изгубиле двајца вработени во возилото.
УНРВА и израелската армија досега не излегоа со соопштение за нападот.
Израелската армија ја продолжи разорната офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Според здравствените власти, досега во нападите убиени се над 42.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 100.300 се повредени.
Израелската офанзива врз Газа го расели речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.