Mohamad Misto
10 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА
Коалициските сили под водство на САД за борба против терористичката организација ДЕАШ, извршија воздушни напади врз елементите на Хезболах поддржани од Иран, кои се позиционирани во сириското подрачје Деир ез Зор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воените авиони на коалицијата, синоќа во Деир ез Зор бомбардираа некои елементи на терористичките групи под командата на Иранската револуционерна гарда, кои му даваат поддршка на Асадовиот режим.
Во местото познато како Зелена зона во подрачјето на Елбукемал, уништени се четири тенка на Хезболах, додека неутрализирани се и некои вооружени елементи.
Коалициските авиони ги интензивираа и набљудувачките летови врз групите поддржани од Иран.
АА завчера и вчера објави вести за тоа дека силите на Иран и Асад позиционирани во западниот дел на реката Еуфрат, и елементите на САД и терористичката организација ЈПГ/ПКК вршат воена фортификација.
Тензиите меѓу страните во Сирија се зголемија по убиството на иранскиот командант Касим Сулејмани од страна на САД во Багдад.