Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ХАМА (АА) - Во градот Хама во северозападниот дел на Сирија, вчера е направена размена на затвореници меѓу режимот на Башар ал-Асад и опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори, режимот на Башар ал-Асад на претставниците на опозицијата им предаде група од 55 затвореници, меѓу кои имало жени и деца.
Опозицијата на сирискиот режим му предаде 54 лица, меѓу кои се наоѓаа жени и деца.
До местото каде што е извршена размената, заробениците се превезени со возила на Црвената полумесечина на Сирија.
Инаку, луѓето што опозицијата му ги предаде на режимот претходно беа во заробеништво на ДЕАШ.
Всушност, по судирите со ДЕАШ во близина на Латакија пред три години, овие луѓе беа заробени од страна на опозициските сили.
Меѓу заробениците што сирискиот режим ѝ ги предаде на опозицијата се и Реша Чорбаџи и нејзините четири деца.
Размената на заробениците ја организираше Канцеларијата за затворенички прашања, која дејствува на подрачјето контролирано од сириската опозиција.