свет

Сирија: Во руски напад загина припадник на Цивилната заштита и дописник на АА

Опозициската опсерваторија за воздушен простор соопшти дека руските авиони кои полетале од базата „Кмеимим“ извеле воздушен напад на Хан Шејхун, во кој загина Енес Дијаб, дописник на Anadolu Agency

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu, Selen Temizer  | 21.07.2019 - Обновена : 22.07.2019
Сирија: Во руски напад загина припадник на Цивилната заштита и дописник на АА

ИДЛИБ/АНКАРА (AA) – Во нападот на руските сили, сојузниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изведен врз Идлиб, загина припадникот на Цивилната заштита (Бели шлемови) и Енес Дијаб, дописник на Anadolu Agency (AA).

Опозициската опсерваторија за воздушен простор соопшти дека руските авиони кои полетале од базата „Кмеимим“ извеле воздушен напад на Хан Шејхун.

Дијаб беше ранет во режимскиот напад изведен минатата година, по што беше однесен на лекување во Турција.

Неговите фотографии и снимки објавени се во многу медиуми низ светот.

Директорот на Цивилната заштита, Мустафа Хаџ Јусуф, рече дека Дијаб бил еден од очевидците на нападите со хемиско оружје на Хан Шејхун и дека храбро ја извршувал работата дури и на подрачјата на кои се изведувани напади.

Дијаб се вратил да ги извршува задачите дури и откако е ранет.

Хан Шејхун во последните три дена е цел на режимските и на руските напади.

„Авионите во изминатите два дена изведоа десетици воздушни напади. Режимот и сојузниците настојуваат Хан Шејхун да го избришат од мапата на земјата“, рече Јусуф вчера за АА.

Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) покажува дека во зоната на деескалација на судирите, Идлиб, од 26 април до 12 јули загинале 606 цивили, од кои 157 малолетници и 111 жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın