Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
17 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
ХАСЕКА (АА) - МУХАМАД МИСТО/ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Сиријците кои живеат во регионите што се под контрола на режимот на Башар ал Асад се обидуваат да се справат со кризата со лебот, а од друга страна околу 4 недели терористичката организација ЈПГ/ПКК шверцува во Ирак пченица, што ја складира во покраината Хасека.
Според информациите на Агенција Анадолија (АА) добиени од локални извори, ЈПГ/ПКК шверцувала пченица што ја складирала во областите Румејлан и Маликије во покраината Хасека. Пченицата минатото лето евтино ја купиле од земјоделците.
Терористичката организација ги пренесува пратките со пченица со ирачки камиони преку граничниот премин Сималка, која е под надзор на САД.
Од друга страна, терористичката организација ЈПГ/ПКК минатата година ја презеде мелницата за брашно „Манук“ во областа Камишли и ги избрка сите вработени.
Мелницата „Манук“ е позната како втор по големина центар за производство на брашно во регионите источно од Еуфрат.
- Во областите под контрола на режимот луѓето не можат да најдат леб -
Некои пекарници во градовите Дамаск, Алепо, Хумус и Хама останаа без работа поради недоволното снабдување со гориво и пченица од режимот на Асад.
Режимот кој не може да се справи со кризата неодамна ја ограничи количината брашно и гориво што им ги доделува на покраините под негова контрола.
Сиријците што живеат во регионите контролирани од режимот на Асад мораат да чекаат во редица за леб и гориво.
- Борба за пченица меѓу ЈПГ/ПКК и режимот -
Минатата година, со приближувањето на сезоната на жетва, започна војна за пченица помеѓу терористичката организација и режимот на Асад.
Режимот им понуди подобри цени на земјоделците во регионите Хасека, Рака и Деир ез-Зор, кои се под окупација на терористичката организација. Од друга страна, терористичката организација го спречи транспортот на пченица меѓу покраините и со тоа предизвика реакции кај јавноста.
Сепак, режимот на Асад на крајот на јуни постигна договор со ЈПГ/ПКК за возврат на некои отстапки, со цел да се спречи амортизацијата на сириската фунта во однос на доларот.
Според договорот, режимот престана да откупува пченица и јачмен од овие региони.
Сепак, во октомври 2020 година, ЈПГ/ПКК и режимот на Асад уште еднаш се соочија. Всушност, режимот на Асад, кој сакаше пченицата складирана во областа Камишли да ја пренесе во регионот под негова контрола, беше заглавен во блокадите на терористичката организација.