Erdal Türkoğlu
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ХАТАЈ (АА) - Силите на режимот на Асад спроведоа напад во подрачјето на Туркменската Планина. Според првичните информации, во нападот животот го загубиле 10 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, силите на режимот синоќа извршиле гранатирање на повеќе села и позиции на опозицијата.
Во интензивните напади на подрачјето меѓу Зејтинџик и Ебу Али Даги, животот го загубиле 10 лица, а тројца се ранети.
Ранетите се префрлени во локалните полски болници.
Со повремени прекини, продолжуваат нападите во подрачјето.