Mücahit Aydemir
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Саиф ал Ислам, синот на соборениот либиски лидер Муамер Гадафи, пријави кандидатура за претседателските избори во Либија, што ќе се одржат на 24 декември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Канцеларијата за медиуми при Високата изборна комисија на Либија, Халид ал-Менаи, за АА потврди дека Гадафи во градот Себха официјално поднел кандидатура за претседателските избори.
Гадафи, кој кандидатурата ја поднесе лично, се појави во јавноста за прв пат по падот на режимот на неговиот татко во 2011 година.
Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за злосторства против човештвото. Либиското воено обвинителство исто така издаде налог за негово апсење под обвинение за „убиство“ и „користење платеници“.