Can Erözden
07 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (AA) - Најмалку 10 цивили загинаа во неколку напади на сирискиот режим на Башар ал-Асад на опколената Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалната Цивилна заштита (Бели шлемови) соопштено дека режимските сили и во вторник продолжија со нападите на Источна Гута.
Од Цивилна заштита рекоа дека копнените и воздушните напади изведени на местата Дума, Хареста, Сакба, Ајн Терма, Арбин, Хамурије, Беит Сава, Јисрин, Хизе и Мерк.
Притоа, во нападите на Арбин загинаа 4 цивили, во Џирсин 3, во Ајн Терма 2, додека во Беит Сава загина еден цивил.
Силите лојални на режимот на Асад од 19 февруари убија 824 цивили во Источна Гута, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да порасне со оглед дека нападите во тој регион и понатаму траат.
Источна Гута е под контрола на сириската опозиција, а регионот е под потполна опсада на режимските сили веќе речиси шест години.