Ekipa
23 Јуни 2020•Ажурирано: 24 Јуни 2020
МЕКСИКО СИТИ
Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени денес го потресе јужниот и централниот дел на Мексико во близина на ресортот Хуатулко. Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека земјотресот се случил во 10:29 часот по локално време, долж пацифичкиот брег во сојузната држава Оахака.