Fatih Erel
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ изјави дека од почетокот на судирите во Сирија започнати се активности за снабдување со крв во Сирија, но рече дека таа крв се дистрибуира само во подрачјата кои се под контрола на режимот. Тој истакна дека е потребно резервите од крв да се дистрибуираат и во подрачјата кои се под контрола на опозицијата.
Јашаревиќ во изјавата за дописникот на Anadolu Agency рече: „СЗО му испорачува крв на режимот во Сирија. Организацијата е во соработка со режимот во Сирија за покривање на потребите од крв во државата“.
Јашаревиќ изјави дека под изговор дека постојат безбедносни проблеми, режимот во Сирија не врши испорака на крв до болниците кои се наоѓаат под контрола на опозицијата и додаде дека СЗО со поддршка на режимот ќе изврши испорака на крв до болниците кои се во подрачјата контролирани од опозицијата.
„Крвта која му ја испорачуваме на режимот во Сирија потребно е да стигне и до подрачјата кои се под контрола на опозицијата“, рече Јашаревиќ.
Во својата изјава за Anadolu Agency портпаролот на СЗО Јашаревиќ рече дека од почетокот на судирите во Сирија, во Националната банка за крв во Сирија се испорачани ќеси со крв и потребни материјали во вредност од 5,1 милион долари. Тој соопшти дека министерството за здравство на Сирија изработило план за испорака на количества на ќеси со крв во наредните неколку месеци во болници од државата, за што ја информирале СЗО, по што СЗО започнала со работата околу обезбедувањето на оваа испорака.
Портпаролот Јашаревиќ рече дека најнасилни судири се случуваат во подрачјата кои се под опсада.
„Подрачјата во Сирија кои се под опсада има потреби од сериозни количества на крв“, соопшти Јашаревиќ.
Портпаролот Јашаревиќ информираше: „Ние, како СЗО, постојано апелираме до Министерството за здравство на Сирија дека е потребно ќеси со крв да се испраќаат и во подрачјата кои се под опсада. За жал, нашите барања за оперативни помагала и снабдување со крв постојано се одбиваат. СЗО и порано се обиде да испрати крв во овие подрачја, но и тие обиди беа одбиени“.
Знаеме дека поради засилени нападите на режимот на Асад врз Алепо во последниот период, во кои има голем број на загинати и ранети, постои зголемена потреба од крв и медицински материјали во болниците. Истовремено, силите на режимот на Обединетите нации не им дозволуваат испорака на хуманитарна помош во подрачјето.