Mohamed Sabry Emam Muhammed
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
САНА (АА) - Од крајот на октомври и избивањето на епидемија на дифтерија во Јемен кој е зафатен со војна, починаа 91 лице, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Anadolu Agency (AA).
Од СЗО наведоа дека во 20 од 23 јеменски покраини се регистрирани 1.725 случаи во кои постои сомнеж за дифтерија. Истакнаа дека покраините Иб и Ал Худејда во централен и западен Јемен се најтешко погодени со епидемијата.
Од СЗО велат дека дифтеријата се шири на ист начин како и обичната настинка, со кивање, кашлање, па дури и преку вербална комуникација. Дифтеријата е болест на горните дишни патишта. Главно ги погодува децата, а може да предизвика и разорувачка епидемија, доколку не се контролира.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град на Санa и неколку други важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен делува од пристанишниот град Аден.
Судирите во Јемен беа дополнително засилени во март 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници започнаа со воздушни напади врз позициите на бунтовниците.