Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ПАГО ПАГО (АА) - Бродот „Wise Honest“, кој од Северна Кореја превезуваше јаглен, а кој во текот на неделата го запленија американските сили, бидејќи ги прекршил меѓународните санкции, вплови во Американска Самоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аманда Вајрик од американската крајбрежна стража, рече дека „Wise Honest“ е засидрен во пристаништето Паго Паго, во Американска Самоа, и дека таму ќе биде спроведена и истрагата.
Таа истакна дека не може да даде детални податоци за бројот на луѓе кои поради отпочнување на истрагата пристигнале на Американска Самоа.
Американското Министерство за правда во текот на неделата соопшти дека е запленет севернокорејскиот товарен брод „Wise Honest“, кој се приближил на американските територијални води.