Emel Öz Gözellik
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Северна Кореја соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да се откажат од притисокот и воената закана врз оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Јонхап, претставник од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во интервју за Корејската централна новинска агенција КЦНА (KCNA) истакна дека заканите и притисокот на САД нема да помогнат во решавањето на проблемот околу нуклеарната програма.
Тој вели дека додека на Корејскиот Полуостров се прават чекори во насока на мирот и примирјето, САД намерно се обидуваат да ја провоцираат Северна Кореја.
Претставникот истакна дека САД погрешно ја ориентираат јавноста. Според него, САД се обидуваат да остават впечаток дека Северна Кореја изразила намера за денуклеаризација на полуостровот како резултат на притисоците и санкциите.