Ekip
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Денес во главниот град на Иран, Техеран, се урна облакодер откако го зафати пожар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сè уштe нема информации за тоа дали има заробени во урнатините.
Претходно иранската новинска агенција ИРНА јави дека најмалку 38 лица се повредени во пожар кој го зафати облакодерот од 17 ката.
Во гаснењето на пожарот во зградата изградена пред 50 години учествуваа повеќе пожарникарски екипи, по што таа се урна.
Како што наведува полицијата, во приземниот дел на зградата бил сместен трговски центар.