Ekipa
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
ЛОС АНЏЕЛЕС
Американскиот воен авион се сруши вчера во близина на Долината на смртта во Калифорнија, при што се повредени седум посетители на Националниот парк, додека судбината на пилотот во моментот е непозната, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во тек е потрагата по пилотот на авионот „F/A-18 Super Hornet“, кој бил во редовна тренажна мисија. Статусот на пилотот во моментот е непознат“, изјави поручникот Лидија Бок.
Во потрагата по авионот се упати воен хеликоптер.
На местото на настанот се упатија и екипи на итна помош, бидејќи седум лица се здобиле со полесни телесни повреди, како изгореници и исеченици.
Повредените туристи за локалната телевизија изјавија дека го сликале пејзажот во моментот кога авионот удрил во ѕидот на кањонот.
Долината на смртта во Калифорнија, која ја посетуваат голем број туристи и љубители на авијацијата, се наоѓа 257 километри северно од Лос Анџелес.