Associated Press
21 Јули 2023•Ажурирај: 22 Јули 2023
РАЈГАД (АА) - Најмалку 16 лица ги загубија животите во свлечиштето предизвикано од поројните дождови во западната индиска држава Махараштра, известува Анадолу.
Во тек се акции за пребарување и спасување на заробените под урнатините, наведоа официјални лица.
Десетици спасувачи и обучени планинари распоредени се на теренот за да ги пронајдат луѓето заробени под свлечиштето што настана во средата вечер, информираше заменикот на главниот министер на државата, Девендра Фаднавис.
Акциите за пребарување се запрени синоќа поради поројните врнежи и опасноста од создавање натамошни свлечишта, соопштија Националните сили за одговор при катастрофи.

Иако 75 луѓе се спасени, многумина сѐ уште се под урнатините, соопшти Фаднавис.
Свлечиштето настанало на подрачјето на селото Иршалвади во округот Рајгад и затрупало 17 од 50 куќи.
Монсунските дождови усмртија над 100 луѓе во северниот дел на Индија во последните две недели, соопштија официјалните лица, информирајќи дека причина за смртните случаи е уривањето на мостови и куќи.
Во Индија, количеството на врнежи за време на монсунскиот период оваа година е за 2% поголемо во однос на претходно, објави Метеоролошката агенција на Индија.
