Kemal Zorlak
20 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
САРАЕВО (АА) - Палестинското население во 1948 година изнесуваше 1,2 милиони, а создавањето на Израел, што ја предизвика Накба, претвори 800.000 Палестинци во бегалци истата година. До денес, оваа бројка се искачи на 7 милиони регистрирани бегалци во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), што претставува речиси половина од вкупното светско палестинско население (околу 13 милиони). Околу 60 отсто од палестинските бегалци се во околните земји - Јордан, Либан и Сирија, додека останатите живеат во бегалски кампови во окупираната Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Насилното раселување на Палестинците започна во 1948 година, продолжи во 1967 година и никогаш не престана. Израел продолжува незаконски да ја одзема палестинската земја, да гради нелегални колонијални населби и да ги протерува Палестинците од домовите во кои нивните семејства живееле со векови. Покрај тоа, Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA), задолжена за здравство и образование во палестинските бегалски кампови, беше под постојани напади од американската администрација во последните неколку години, прекинувајќи го финансирањето, па дури и се обидуваше да ја затвори, сè со цел на Палестинците да им го скрати правото на враќање во својата татковина, наведуваат од Амбасадата на Палестина во Црна Гора.
Од 1948 година, Резолуцијата 194 го потврди правото на палестинските бегалци да се вратат дома и да добијат компензација за загубата или уништувањето на нивниот имот. Израел, окупаторската сила, продолжува да ја игнорира оваа резолуција, попречувајќи ја нејзината имплементација без меѓународни последици.
Во Палестина не постои конфликт, нема војска која се бори против израелската војска, туку постои окупација, воен притисок во Палестина, а нема група екстремисти во Палестина, само луѓе кои реагираат на израелскиот притисок. Вокабуларот што се користи во медиумите всушност служи за перење мозок, сатанизирање на сите форми на отпор на Палестинците кои се под воена окупација и имаат право да се бранат според меѓународното право, да пружат отпор и со помош на воени средства, тоа е запишано во Меѓународното право.
Досега меѓународната заедница немаше политичка волја да изврши притисок врз Израел, кој ги окупира палестинските територии, да ја запре оваа окупација. Она што го управува меѓународната заедница е повеќе за интереси отколку за принципи.
Правдата не може да биде селективна, а непостапувањето на меѓународната заедница за израелските злосторства е неприфатлив знак за политика на двојни стандарди.