Betül Yürük
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди тестирањето на новиот вид балистички проектил со среден дострел и ja предупреди Северна Кореја дека е можно да се воведат нови санкции против неа, јавува Anadolu Agency (AA).
Едногласно беше изразена загриженост во врска со мошне дестабилизирачкиот и провокативен однос од страна на Северна Кореја.
Во писмената изјава се изразува осуда за тестирањето на новиот тип балистички проектил со средно-долг дострел што може да носи тешка нуклеарна боева глава, а тоа беше спроведено на 13 мај.
Исто така, во изјавата се предупредува дека на Северна Кореја може да ѝ бидат воведени нови санкции. Беше наведено дека сите санкции целосно ќе бидат применети од сите земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и се повикуваат другите земји да применат санкции против Северна Кореја.
Станува збор за ракета што наводно лета повеќе и подолго во однос на сите други претходно тестирани.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети нови нуклеарни и ракетни тестови и предупреди дека севернокорејското оружје може да го погоди копното на САД и брегот на Пацификот.