Mahmut Atanur
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир, зборувајќи за убиството на новинарот Џамал Кашоги изјави дека во Турција е упатена екипа и дека ќе бидат уапсени сите вмешани во неговата смрт, јавува Anadolu Agency (AA).
Џубеир по состанокот со индонезиската колешка Ретно Марсуди одржа прес-конференција на која кажа дека вчера на состанокот со претседателот на таа земја, Џоко Видодо, разговарал за случајот „Кашоги“.
Тој додаде дека е започната сеопфатна истрага за убиството на саудискиот новинар.
Тој порача дека истрагата ќе ги открие сите факти и дека механизмот кој треба да биде оформен ќе го спречи појавувањето на сличен случај.
Министерката за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди, изјави дека нејзината земја побарала транспарентна истрага за смртта на Кашоги.
Марсуди и Џубеир разговараа и за билатералните односи, инвестициите, туризмот и трговијата.
Саудискиот министер би требало денес да ја напушти Индонезија.
И индонезискиот претседател вчера побара транспарентна истрага за смртта на Кашоги.