Fatih Hafız Mehmet
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
РИЈАД (АА) - Компаниите од Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави (САД) потпишаа 36 договори за соработка во вкупна вредност од 16 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Челниците на саудиските и американските компании договорите ги потпишаа на деловен форум во Њујорк, јавува саудиската Новинска агенција „SPA“.
На потпиштувањето на договорите присуствуваа и официјалните лица на двете земји.
Склучените договори за соработка на компаниите од двете земји се потпишани во време кога во официјална посета на Њујорк престојува и саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман.