Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија ги започна работите за формирање „Стратешки пакт на Среден Исток“ кој е наречен како „арапско НАТО“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската официјална новинска агенција СПА, Саудиска Арабија соопштила дека била домаќин на состанокот одржан во Ријад меѓу САД и арапските земји, кој се смета за почеток на работите за подготовка за „Стратешкиот пакт на Среден Исток“.
На овој состанок кој се одржа во понеделникот во Ријад, учествуваа високи претставници од САД, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Кувајт, Јордан, Катар и Оман. Не се дадени информации за имињата на учесниците.
Се вели дека овој состанок претставува чекор кон формирање пакт кој има за цел зајакнување на стабилноста и безбедноста во регионот и светот.
Оваа стратешка унија која во арапскиот свет е позната како „арапско НАТО“, е еден од заклучоците на арапско-американскиот самит кој се одржа во август 2017 година во Ријад.