Ahmet Dursun
10 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Јапонија, Таро Коно, изјави дека неговата земја нема да ги следи САД во прогласувањето на Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Коно за медиумите во Токио изјави дека јапонските власти немаат намера да ја следат одлуката на САД“, јави јапонската телевизија НХК (NHK).
Сепак, Коно го повика Техеран да ги запре балистичките тестирања, поради стабилноста на Блискиот Исток.
Јапонскиот министер додаде дека со Иран имаат добри односи и дека таа земја ќе продолжи да работи на решавање на проблемите со дијалог.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот соопшти дека Иранската револуционерна гарда е сместена на листата на странските терористичките организации во САД.
Потоа Врховниот совет за национална безбедност на Иран ја смести американската Централна команда (CENTCOM) на листата на терористички организации.