Ayşe Aktaş
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ТОКИО (АА) - Според првичните неофицијални резултати од општите избори во Јапонија, одржани по распуштањето на Претставничкиот дом минатиот месец, Либерал-демократите под водство на премиерот Шинзо Абе го надминале мнозинството од две третини во Претставничкиот дом, кој е Долниот дом на Парламентот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Првичните неофицијални резултати од општите избори во Јапонија беа објавени по завршувањето на гласањето во 20:00 часот по локално време.
Според резултатите објавени од страна на јапонската државна телевизија „NHK“ (НХК), Либерал-демократската коалиција под водство на премиерот на земјата, Абе, освоила 312 пратенички места од вкупно 465 во Пратеничкиот дом, Долниот дом на парламентот, а пак другите партии освоиле 143 пратенички места.
Абе кон крајот на септември го распушти пратеничкиот дом под изговор дека е потребен обновен мандат за да се справи со националните кризи со коишто се соочува Јапонија, и донесе одлука за предвремени избори.
Изборите за Сенатот, кој е Горниот дом на јапонскиот Парламент, беа одржани во јули 2016 година. Членовите на Сенатот и на Претставничкиот дом, кои го сочинуваат Парламентот на Јапонија, се избираат од страна на народот.