Şenhan Bolelli
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
МАДРИД
Самитот на НАТО ќе се одржи наредната година на 29 и 30 јуни во шпанскиот главен град Мадрид, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на посетата на Мадрид одржа одделни средби со кралот Филип Шести и премиерот Педро Санчез.
Санчез и Столтенберг во изјава за медиумите информираа дека Самитот на НАТО кој се планира да се одржи наредната година, ќе виде одржан на 29 и 30 јуни во Мадрид.
Шпанскиот премиер рече дека овој самит ќе се одржи на 40-годишнината од членството на Шпанија во НАТО, и дека тој има историска важност од аспект на развојот и зајакнувањето на НАТО.
„Тоа е историски момент за НАТО“, нагласи Санчез.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, истакна дека Шпанија е една од водечките земји во осигурувањето на глобалната безбедност и во евакуациите од Кабул.