Aysu Biçer
05 Мај 2024•Ажурирај: 08 Мај 2024
ЛОНДОН (АА) - Садик Кан се избори за својот трет последователна мандат за градоначалник на Лондон, триумфирајќи над својата противкандидатка Сузан Хол од конзервативната партија со мнозинство гласови, известува Анадолу.
Бидејќи сите 14 изборни единици ги објавија своите резултати, Кан извојува победа со убедливо водство.
Хан освои 44% од гласовите, во споредба со Хол која освои 33%, и со уверливо мнозинство од 276.428 гласови повторно е избран за градоначалник на Лондон.
И покрај шпекулациите кои упатуваа на потенцијална победа на Хол, солидниот учинок на Кан во различни изборни единици во главниот град ја зацврсти неговата позиција.
Во текот на изборната кампања владееше исчекување за поголем одзив на гласачите, особено во периферните квартови, каде конзервативната поддршка традиционална е поголема. Меѓутоа, способноста на Кан да ја мобилизира поддршката во широкиот спектар на демографските групи се покажа за клучно во обезбедувањето на неговата победа.
Конзервативната партија се соочи со предизвикувачки викенд, претрпувајќи порази ширум Англија и Велс.
Патот на Кан до политичкиот успех е одбележан со скромни почетоци и посветеност во јавната служба.
Роден е во семејство на мигранти од Пакистан. Израснал во стан во општинска сопственост, а татко му работел како возач на автобус.
По студиите на право на Универзитетот Северен Лондон, Кан започнал кариера на адвокат, специјализирајќи се за човечки права. Неговиот активизам често беше насочен кон прашањата за одговорноста на полицијата и транспарентноста на Владата.
Политичката кариера на Кан започна во 1994 година, кога е избран за локален советник на Лабуристичката партија во лондонскиот кварт Тутинг.
Оттогаш се искачуваше на скалилото, за да влезе во историјата како прв муслимански градоначалник на Лондон во 2016 година, а сега и како прв градоначалник кој трипати по ред е на чело на главниот град на Велика Британија.