свет

САД: Центарот за превенција и контрола на болести ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, ја поддржа препораката на Советодавниот комитет за имунизација на ЦДЦ, децата на возраст од 5 до 11 години да се вакцинираат против Ковид-19, со педијатриската вакцина на „Фајзер-БајоНТех“

Esin Eşkinat Sayılgan  | 03.11.2021 - Обновена : 04.11.2021
САД: Центарот за превенција и контрола на болести ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца

АНКАРА (АА) - Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ја одобри вакцината на „Фајзер-БајоНТех“ против Ковид-19, за деца на возраст од 5 до 11 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, ја поддржа препораката на Советодавниот комитет за имунизација на ЦДЦ (ACIP), децата на возраст од 5 до 11 години да се вакцинираат против Ковид-19, со педијатриската вакцина на „Фајзер-БајоНТех“.

Одлуката значи дека до 28 милиони деца во таа возрасна група ќе бидат подобни за вакцинирање.

„Вакцинацијата, заедно со другите превентивни мерки, може да ги заштити децата од Ковид-19, користејќи безбедни и ефективни вакцини кои веќе се препорачани за употреба кај адолесценти и возрасни во САД“, се вели во соопштението на ЦДЦ за медиумите.

Исто така, дистрибуцијата на педијатриски вакцини низ целата земја, според наводите, започнала во канцелариите на давателите на педијатриска здравствена заштита, аптеките, Федералните квалификувани здравствени центри (FQHCs) и други места.

„Во испитувањата на вакцините за возрасни, вакцинацијата беше речиси 91 отсто ефикасна во спречувањето на Ковид-19 кај децата на возраст од 5 до 11 години“, рече Валенски.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави: „Денес достигнавме пресвртна точка во нашата битка против Ковид-19: одобрување безбедна, ефикасна вакцина за деца на возраст од 5 до 11 години. Тоа ќе им овозможи на родителите да стават крај на вознемиреноста во врска со своите деца и да се намали степенот до кој децата го шират вирусот на другите. Тоа е голем чекор напред за нашата нација во нашата борба против вирусот.“

Децата од оваа возрасна група сочинуваат 39 отсто од случаите на Ковид-19 кај луѓе помлади од 18 години, се наведува од Управата за храна и лекови (ФДА). Околу 8.300 случаи на Ковид-19 кај деца резултираа со хоспитализација, а 146 деца починаа.

ФДА во својата дозвола за итна употреба веќе има потпишано помали дози за децата од оние што им се даваат на возрасните и тинејџерите. Дозата одобрена од ФДА е една третина од онаа дадена на другите возрасни групи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın