Emel Öz Gözellik
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, и премиерот на Сингапур, Ли Ксиен Лонг, потпишаа договор преку кој за уште 15 години се продолжува Меморандумот за разбирање кој на американските сили им овозможува да ги користат воздушните и поморските бази во Сунгапур, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Стреитс тајмс“ (The Straits Times), Трамп и Ли се состанаа во Њујорк, САД, каде што потпишаа договор кој предвидува промени во Меморандумот за разбирање потпишан во 1990 година меѓу двете земји, преку кој на САД им се овозможува да ги користат овие објекти во Сингапур.
Со потпишаниот договор, американските сили до 2035 година ќе можат да ги користат воздушните и поморските бази на Сингапур.
Ли пред потпишувањето на договорот истакна дека постои блиска соработка меѓу САД и Сингапур во областа на одбраната, изразувајќи задоволство од односите на неговата земја со САД.
Трамп рече дека САД и Сингапур се блиски пријатели. „Со Сингапур и со премиерот Ли имаме неверојатни односи.“
Двајцата лидери на средбата разговараа и за регионални, како и за глобални теми.