Nuri Aydın
07 Ноември 2023•Ажурирај: 08 Ноември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа упати сочувство до снимателот на Агенција Анадолу, Мухамед ел Алул, кој ги загуби своите четири деца и тројца браќа за време на нападот на Израел извршен на 5 ноември врз бегалскиот камп Ал-Мегази во центарот на Газа.
Портпаролката на Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, даде изјава за Анадолу во врска со Мухамед ел Алул, кој ги загуби своите блиски во израелските напади.
„Треба да се заштитат животите на невините Палестинци. Тагуваме за секој невин живот загубен во оваа криза. Ја споделуваме болката на Мухамед ел Алул“, рече Вотсон.