Fatma Zehra Solmaz
17 Август 2025•Ажурирај: 18 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Три лица се смртно застрелани, а осум се ранети кога „повеќе вооружени лица“ отворија оган во ресторан во Бруклин, Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), рано утрово по локално време, додека местото се затворало, јавува Анадолу.
На брифинг за медиумите, комесарката на полицијата на Њујорк, Џесика Тиш, изјави дека полицијата одговорила на пријавите за пукање во „Taste of the City Lounge“ на Авенијата Франклин во Краун Хајтс, непосредно пред 3:30 часот по локално време.
Загинати се тројца мажи на возраст од 27, 35 години, и уште еден чија возраст сè уште не е утврдена.
Осум повредени лица се однесени во блиските болници, иако властите не дадоа детали за нивната состојба.
Тиш дополнително изјави дека во пукањето биле вклучени „повеќе стрелци“ кои сè уште не се уапсени, додавајќи дека истражителите пронашле најмалку 36 чаури од „повеќе оружја“ на местото на настанот.
„Во моментов, идентификувавме 11 погодени во нападот на возраст од 27 до 61 година, осум мажи и три жени“, рече таа.
„Имаме најмал број на инциденти со пукање и жртви од пукање досега во градот Њујорк во последните седум месеци од годината“, рече Тиш. „Нешто вакво е, секако, аномалија и тоа е ужасна работа што се случи утрово.“
Полицијата започна истрага за инцидентот.