Kasım İleri
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Во тек е операција за извлекувањето од морето на борбениот авион F-35C, кој се урна при слетување на носачот на авиони „USS Carl Vinson“ на американската морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата за извлекување на американскиот авион F-35C, кој се урна при слетување на носачот на авиони „Carl Vinson“ започна викендов.
Американската морнарица не даде детали каде започна работата за извлекување, но командата на јапонската крајбрежна стража упати предупредување дека остатоците од авионот се извлекуваат на точка на 185 наутички милји западно од Филипините и 350 милји источно од островот Вуди, кој е дел од синџирот Парацелски острови каде Кина гради воздухопловна база.
- Протекоа инсерти од авионската несреќа
Од друга страна, во медиумите протекоа две видео снимки од падот на авионот F-35C.
Една од снимките е направена директно од пистата на бродот и покажува како авионот се приближува кон бродот, додека втората снимка е направена од палубата и го покажува како авионот се урнал.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби истакна дека САД ги презеле неопходните мерки за да го извлечат авионот.
Кирби истакнувајќи дека се врши истрага за инцидентот рече дека снимките се споделени без дозвола.
Портпаролот меѓу другото нагласи дека е под истрага и начинот на кој овие снимки протекоа.
Американскиот авион F-35C се урна на 24 јануари 2022 година додека се обидувал да слета на носачот на авиони „Carl Vinson“. Пилотот се спасил со катапултирање (методот на исфрлање на седиштето) во последен момент, но 7-те членови на екипажот се повредени.
Во регионот беа преземени опсежни безбедносни мерки за да се спречат остатоците од авионот да бидат запленети од Кина.