Hakan Çopur
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Според резултатите на експертско меѓународно истражување, САД е единствена земја од Западот која се најде меѓу првите 10 на листата на „најопасни земји во светот за жените“, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата „Томсон Ројтерс“, со седиште во Англија, спроведе истражување за состојбата на жените на ниво на целиот свет во кое беа вклучени 550 експерти. На крајот од истражувањето добиени се интересни резултати.
Според истражувањето, на врвот на листата на „најопасни земји за жените“ се најде Индија, додека САД го зазедоа десеттото место.
Листата на 10-те најопасни земји на светот за жените изгледа вака:
1. Индија
2. Авганистан
3. Сирија
4. Сомалија
5. Саудиска Арабија
6. Пакистан
7. Демократска Република Конго
8. Јемен
9. Нигерија
10. САД
САД е единствената земја од западниот свет која се најде меѓу првите 10 земји, најопасни за жените.
Во истражувањето, според проблемите во судството, кои се однесуваат на правните постапки поради силување, сексуална злоупотреба, сексуално насилство и сексуални злосторства врз жените, САД е ставена меѓу земјите кои спаѓаат во „опасна“ категорија.
Во различни категории изработени се одделни листи, а во категоријата „кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба“, САД го делат третото место, заедно со Сирија.
Експертите кои учествувале во истражувањето истакнуваат дека со ова истражување сакаат во поголема мерка да го привлечат внимането на меѓународната јавност, особено врз кривичните дела поврзани со сексуалното вознемирување во САД, изразувајќи го уверението дека на ова поле САД ќе бидат следени одблизу.
Последните години е забележан сериозен пораст на сексуална злоупотреба и сексуално вознемирување во САД, особено со кривичните пријави против холивудските познати личности. Кампањата против сексуалната злоупотреба што ја спроведувал филмскиот продуцент Харви Вајнштајн, на меѓународната сцена се преименува со наслов „MeeToo“.