Zehra Ulucak
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Резултатите од прелиминарните избори, што се одржаа во Ајова за утврдување на кандидатите коишто ќе се натпреваруваат на претседателските избори, ни по три дена не се во потполност објавени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова се првите предизбори пред претседателските избори што ќе бидат одржани на 3 ноември. Сепак, и покрај тоа што изминаа три дена од одржувањето на изборите, резултатите сè уште не се објавени.
Демократите, поради технички грешки во системот, успеаја да објават 97 отсто од резултатите.
На меѓупартиските избори во таборот на републиканците уверлива победа во сојузната држава Ајова оствари Доналд Трамп, со освоени 97,1 отсто од гласовите.
Изборната трка во таборот на Демократската партија е доста неизвесна, а контроверзии предизвика и техничката грешка поради која значително доцни објавувањето на резултатите во Ајова.
Според последните објавени резултати, во меѓупартиската трка водат Пит Бутиџиџ со 26,2 отсто од гласовите и Берни Сандерс со 26,1 отсто.
Елизабет Ворен освои 18,2 отсто од гласовите, а Џо Бајден 15,8.